Османи: Оптимист сум дека ќе почнеме преговори со ЕУ

Од:

Министерот за надворешени работи Бујар Османи е оптимист дека Северна Македонија ќе почне преговори за членство во Европската унија. Сите вклучени во овој процес, вели тој, се свесни за влогот, за тежината и последиците од неуспех на процесот.

– Одлука за почеток на преговори ЕУ има донесено во март со консензус на 27 земји членки. Сега зборуваме за консензус за текстот во однос на преговарачката рамка за формално започнување на преговорите. Тоа што ми дава оптимизам е дека сите страни во процесот сме свесни за влогот, за тежнината и за консеквенциите од неусоех на овој процес. Исто така можам да кажам дека разговараат во овој период и работните групи и јас, но и другите колеги, мислам дека дефиниравме простор во кој може да се најде заедничко решение, рече Османи на прес-конференнцијата со резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак.

Шефот на дипломатијата не ја коментираше изјавата на бугарскиот европратеник од редовите на владејачката ГЕРБ, Андреј Ковачев за бришење на терминот „бугарски фашистички окуптаор“ од спомен обележјата во земјава, но се осврна на, како што рече, сензитивноста на квалификациите што се даваат за историските прашања.

– Јас ги охрабрувам Комисиите и историчарите доколку најдат основ за убажување на тонот, на квалификациите во однос на историските прашања, реципрочно еден кон друг во интерес на подобрување на сегашността и иднината јас би замолил тоа да го направат, но ако го направи тоа политикаа и ако теоретски може во одредени моменти, меѓутоа сметам дека ќе биде помалку одржливо како решение и ќе биде секогаш предмет на политичко интерпретирање и оспорување, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година

Жарко Настоски

Османи: Имаме недвојбена поддршка од сите земји членки на ЕУ, останува прашањето со Бугарија

Ана Ололовска

Мишел: Следната недела важен самит на ЕУ во Брисел

Ана Ололовска

Земјите-членки на ЕУ изразија загриженост поради растот на антисемитизмот

Жарко Настоски

Османи: Договорот е успех на нашата дипломатија и можност за нашите бизниси

Ана Ололовска

Османи: С. Македонија активен чинител во спроведување на политиките на НАТО

Ана Ололовска