Османи: Ние не работевме за датум за почеток на преговори со ЕУ, туку за одлука

Од:

Важна е политичката компонента, а тоа е одлука за почеток на преговорите, другото се технички аспекти од процесот. Кај нас цело време беше погрешна прецепцијата дека ние  работиме за датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Ние работевме за одлука. Ние 15 години немавме одлука за започнување на преговори, бидејќи претходно имавме вето од Грција, а потоа од Франција и од други земји, порача вечерва вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Има политичка волја кај 27-те земи-членки на Европската Унија  да се започне процесот на преговори со Република Северна Македонија. Откако ќе се донесе одлуката се дава мандат на Европската комисија да ја подготви преговарачката рамка во која земјите-членки ставаат елементи според нивните гледања и потоа повторно се утврдува од земјите-членки и се утврдува денот кога државната  делегација оди во Брисел и има состанок со владите на земјите-членки и формално го почнуваме процесот, појасни Османи во интервју за ТВ 24 вести.

Тој посочи дека денеска неколку министри од земјите-членки на ЕУ му се јавиле и му честитале за одлуката и му рекле дека ја чекаат само писмената потврда за процесот.

-Тука имаше конзесус на сите земји членки и се е под сенка на пандемија, но ова е историски момент. По сите одбивања, влеговме во последната фаза за ова членство. Имаше писмена забелешка како анекс од Бугарија, но без да има влијание и денеска разговарав со неколку министри кои ја чекале писмената потврда и ова прашање е затворено. Кај нас погрешна беше прецепцијата дека работиме за датум, ние работевме за одлука. Претходно имавме вето од Грција и од Франција и други земји, рече Османи.

Како наша предност го истакна  фактот што веќе сме изоделе дел од патот и во Секретаријатот за европски прашања веќе има софтвер кои ги следи сите легислативи и директиви што треба да се хармонизираат во преговарачкиот процес. Треба да се хармонизираат 7.000 директиви во текот на преговарачкиот процес од кои веќе сме транспонирале 2.900.

-Третина веќе сме ги хармонизирале, односно веќе се во нашето законодавство. Ние не преговараме со Европската Унија зашто директивите се фиксни. Ние всушност преговараме со нашите чинители во општеството кога една директива влегува во сила во нашата земја и кога почнуваме да ја применуваме, потенцира Османи и додаде дека очекува доколку имаме брзо темпо на хармонизација за пет-шест години да ги завршиме преговорите за членство.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија