Османи: Не сме имале поважна одлука за нашата иднина од денешната

Од:

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, придружуван од членовите на своето семејство, го оствари своето право на глас во ОУ. „Адем Јашари”, во скопската општина Чаир, во 10 часот.

„Во мојот живот никогаш не сум имал ваков ден, ден во кој што сум донел поголема и поважна одлука за моите деца, за моето семејство, меѓутоа и за сите граѓани. Денешниот ден претставува ден кој ја одлучува иднината во најсилните контрасти на одлуката, не во нијансите за помалку добро или помалку лошо, туку буквално денеска ги одредуваме правците на државата, на иднината“, изјави Османи веднаш по гласањето.

Во оваа прилика тој изрази надеж дека граѓаните се свесни за одлуката која ја носат, ќе излезат масовно од сите етнички заедници и генерации при што потенцирше дека денешниов ден е неповторлив, во однос на можноста која ја нуди.

„Нема да имаме друг ваков ден во наредните генерации, ден кој ни нуди ваква можност да ја утврдиме иднината на генерациите кои доаѓаат во мир и екомонмска благосостојба“, заклучи Османи.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска