Османи: Не може да има парцијално решение за името

Од:

Изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за грчката ТВ Скај дека сме земја без име, е дадена во позитивен контекс и се однесува на актуелната состојба со употребата на привремената референца за државата во меѓународните организации, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– Изјавата на Ахмети беше дадена во позитивен контекс во смисла дека Република Македонија во меѓународните институции реално е признаена под референцата ПЈРМ, што ниту е желба на граѓаните, ниту е прифатена од граѓаните, ниту е постојано решение. Едноставно во меѓународните институции имаме некое привремено решение, односно немаме име. Господинот Ахмети реферира дека преговорите се однесуваат на решавање на тој спор и замена на референцата со име кое ќе биде трајно. Привремени решенија не даваат добри сигнали за самата држава. Нам ни требаат трајни решенија за трајна држава, рече вицепремиерот Османи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод презентацијата на анализата на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански