Oсмани: Нашата држава континуирано се усогласува со ЕУ и институционално се поврзува со земјите – членки

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваше на одбележувањето на денот на осигурувањето и десет години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

„Осигурителниот сектор е еден од поголемите и позначајните сегменти на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, за кој веќе е воспоставена солидна законска и институционална рамка и соодветно е транспонирано релевантното право на Европската Унија кое постојано се надградува“, истакна Османи пред присутните при што потенцираше дека доказ за континуираниот напредок во усогласување на осигурителен пазар во Република Северна Македонија со европските стандарди се извештаите на Европската Комисија во кои јасно се препознаваат спроведените реформски активности.

„Напредокот во оваа област, како и досегашната усогласеност, не е изолиран случај, бидејќи практично во сите области Република Северна Македонија континуирано се усогласува со ЕУ, и институционално се поврзува со земјите – членки, па од тука ние веќе сме внатрешен дел на Унијата, а не надворешен, и прашањето на методологија, начинот, времето на пристап не може да го смени фактот дека ние недвосмислено одиме кон целосно членство во ЕУ“- нагласи Османи на одбележувањето на Денот на осигурувањето и јубилејот 10 години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата