Османи на средба со Зеленски: Итно враќање на теренската мисија на ОБСЕ во Украина

Од:

Министерот за надворешни работи на Македонија, буја османи во својство на претседавач со ОБСЕ во Киев се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски. Му изрази поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напорите за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата.

ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани”. –истакна Османи.

Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

“Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”.-порача Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп

ВИДЕО: Дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, избувна голем пожар

Катерина Ѓуровски