Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, информира дека на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на Организацијата во Виена постигнат е консензус Малта да биде следната земја претседавач со регионалната безбедносна организација за 2024 година.
-Одлични вести од Виена! Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе бидат потврдени на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.
Решението за Малта е постигнато, по неколку неуспешни обиди да се постигне консензус за кандидатурата на Естонија да претседава со организацијата во 2024.
Северна Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавање со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска.