Османи: Како непосреден сосед, Австрија е најголем лобист за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој денеска престојува во работна посета на Република Австрија оствари средба со Министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

„Западниот Балкан се наоѓа во срцето на Европа, опкружен со земји – членки на ЕУ. Еден обичен поглед на мапата покажува дека не се работи за проширување, туку за заокружување, финализација на еден процес на обединување на континентот. Само стабилен, безбеден и просперитетен Балкан е силен гарант за стабилна, сигурна и попросперитетна Европа“- истакна Османи, упатувајќи благодарност до Австрија за континуираната поддршка која ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија, како и на целиот регион.

„Новата методологија на преговори предвидува засилен мониторинг и можност за реверзибилност, кој ќе го засили принципот на заслуги при преговорите, што нам, како солиден студент, кој ги исполнува реформските обврски, ни одговара. Тоа значи засилени европски интеграции кои носат бенефити за земјите кои напредуваат, и за нивните граѓани, уште при самиот процес на преговори“ истакна Османи.

На средбата Османи реферираше и за последните актуелности во земјава, како што е подготвеноста на државата за спроведување на фер, слободни и компетитивни избори, како и за успехот во донесувањето на потребните реформски закони, меѓу кои и законот за ЈО.

„Како земја не само што го исполнивме нашиот дел од обврската, туку и многу повеќе, со што на дело ја демонстриравме нашата автентична реформска определеност и силна поддршка за европската агенда на земјата“, посочи Османи, пренесувајќи ги јасните очекувања во земјата, за вистински напредок во европските интеграции на пролетните самити на ЕУ, преку одлука за почеток на преговорите.

Претходно Османи имаше средба, во Долниот дом на парламентот, со пратениците – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од Претседавачот Рајнхолд Лопатка, а во неговата агенда се предвидени и средби и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на Премиерот Себастијан Курц како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески