(ВИДЕО) Османи: Изборите се последен аргумент да ја убедиме ЕУ дека имаме капацитет за влез во Унијата

Од:

„Република Северна Македонија последните триесет години поминува долг маратон на преговори за членство во ЕУ. Дојде и последниот момент. Успешни избори на 5-ти мај ќе бидат доказ за зрелоста на демократскиот капацитет на државата. Тоа ќе биде последен аргумент со кој ќе се убеди ЕУ дека оваа земја поседува капацитет за влез во Унијата. Одлуката за преговори зависи само од тоа дали на 5-ти мај граѓаните ќе излезат на гласање и уште еднаш ќе покажат дека имаат капацитет за одлучување“, рече заменик премиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција посветена на слободата на медиумите.

Во однос на Берлинскиот самит кој се одржа оваа недела и шпекулациите кои излегоа од него дека западните земји сметаат дека државата до јуни нема да биде подготвена за преговори со ЕУ, Османи истакна дека тие изјави не се точни и дека самитот не бил наменет за проширување туку за деблокирање на разговорите помеѓу Косово и Србија, а останатите земји од регионот биле повикани како гаранти.

„Во Берлин бевме повикани да бидеме модел како се решаваат проблемите меѓу државите. Таа приказна е толку силна што не може да ја игнорира ниту една земја членка. Надвор од Самитот ја искористивме можноста да разговараме со канцеларката Ангела Меркел и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини од кои излеговме оптимисти дека во јуни и тоа како има шанси за отпочнување на преговорите со ЕУ“, рече Османи.

Вицепремиерот додаде дека РСМ се издвојува од сите земји членки по примерите кои беа направени изминатите две години и дека доколку нашата земја не добие датум тоа ќе биде нарушување на европските критериуми.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски