Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ и НАТО е најголем гарант за стаилноста и безбедноста на Европа

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, оствари заедничка средба со Алехандро Алваргонзалес, помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската Kомисија.

На заедничката средба се разговараше за евроатланските аспирации на Република Македонија, во контекст на пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.

„Се наоѓаме во исклучително важен, може да се рече, историски период, кога ни е неопходен национален и општествен консензус за конечно да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО“, истакна Османи, потенцирајќи ги притоа пораките на Стратегијата на Европската Комисија, кои прецизно го исцртуваат на земјите од Западниот Балкан до полноправно членство во Европската Унија.

Во продолжение Османи реферираше и за состојбите со имплементацијата на Планот 3-6-9, особено во делот на реформите на правосудниот систем, реформите на безбедносните служби, како и реформите на јавната администрација.

„Постои јасно изразен европски оптимизам, што претставува исклучително важен поттик за Владата, но и целото општество, кои се целосно посветени на евроатлантските интеграции на Република Македонија“ – додаде Османи

Коментирајќи ги европските и евроатлантските перспективи на регионот, соговорниците се согласија дека само сигурен, стабилен и прогресивен Западен Балкан како дел од европското семејство претставува гарант за иднината, стабилноста и безбедноста на Европа во целина.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија