Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Од:

За три дена на полноќ истекува техничкиот рок од Преспанскиот рок и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите кои што имаат меѓународна потреба.

– Преспанскиот договор Македонија речиси го исполни во целост освен одредени институции каде одлуките не се носат од Владата како што се федерации, МАНУ, МНТ и така натаму. Грција во суштинскиот дел ги исполни обврските, но и тие имаат поради исти причини поради одлуки на институции кои не се директно под Владата, не се ратификувани три договори, како и сообраќајните знаци. Во политичката комуникација со Грција двете страни имаат истакнато дека е се почитува договорот – истакна министерот Османи на брифинг со новинарите.

За граѓаните кои треба да излегуваат надвор, надлежноста е на МВР и Османи не навлегува во тоа, но граѓаните кои треба да се вратат назад, се под директна надлежност или грижа на Министерството за надворешни работи.

– Тоа што забележувам е дека има одредена паника кај граѓаните во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги изгубат работните места , ќе можат да ги загубат дозволите за престој. Поради тоа во трите наши дипломатско-конзуларно претставништва (ДКП) во Берлин, Бон и во Минхен, во Швајцарија, Италија има наплив од граѓани. Сакма да им дадам порака дека нема простор за паника затоа што МНР се организираше да им излезе во пресрет каде и да се. За тие што ќе се затекнат со пасоши кои по сила на закон ќе бидат инвадилирани, ќе може да се вратат со патни листови.

Испраќаме дипломати на испомош во сите ДКП каде што очекуваме поголеми барања, однесовме нови две мобилни станици во Германија и Италија за да примаат апликации за нови пасоши согласно капацитетите на МВР овде. Во градовите каде што немаме ДКП, а имаме голем број на луѓе од нашата дијаспора, планираме календар на конзуларни денови од 12 февруари каде што ќе можат директно да дојдат и да аплицираат за пасоши.

Имаме држави каде што немаме ДКП, или како во Африка имаме едно ДКП во Каиро, граѓаните ќе можат да аплицираат електронски за патен лист. Топ 1 според напливот е Бон каде што се издадени 6.000 пасоши. Ќе се работи двосменски и за време на викенд, ќе се доекипираат претставништвата. Ние се подготвуваме како да од 12 февруари на полноќ никој да не може да се движи со пасош со старото име – образложи министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски