(ВИДЕО)Османи: Или права и за ОНА или ДУИ излегува од Влада

Од:

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи ја потврди информацијата, дека синоќешниот разговор Груевски-Ахмети немал разрешница и договор.

Основни теми на синоќешните разговори на Али Ахмети со Никола Груевски биле централното прославување во Слупчане и законот за бранители.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека Ахмети кажал дека чествувањето во Слупчане е чин на помирување и е во духот на Рамковниот договор, немало за цел провокација или некого да навреди.

За законот за бранители Ахмети кажал дека треба да се измени за да се изедначат првата на оштетените и паднатите борци од двете страни или пак законот да се повлече.

„Доколку тоа не се случи, овој предлог закон ќе ја стави во прашање самата коалиција“.Ние разговараме на меѓупартиско ниво и се договоривме-или ќе се промени законот или ќе се прифатат амандманите. Ако не се прифатот и не се договориме, коалицијата ќе се доведе во прашање“, рече Бујар Османи.

Овие две теми биле единствени на состанокот и според Османи останува деновиве да се продолжи со разговорите и да се постигне договор во однос на законот.

За шпекулациите за создавање ново мнозинство во парламентот заедно со опозицијата како вовед во нови избори, но и нова власт што ќе ги организира изборите, Османи рече дека во моментов не се размислува.

„Сега имаме ситуација на предложен закон кој е неприфатлив за нас и е вовед во политичка криза. Така што сите разговори во моментов се во рамки на решавање на таа ситуација, а новите ситуации кои ќе призлезат во иднина ќе зависат од тоа како ќе се одвиваат работите сега. Се ќе зависи од исходот од овие разговори, не можеме хипотетички да разговараме зашто сме концентрирани на тоа како да се реши овој закон“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски