Османи: И со новата методологија влегуваме како фаворити во процесот на европски интеграции

Од:

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, по повод објавената нова методологија за преговори од страна на Европската Комисија, денес имаше обраќање пред претставниците на Националниот совет за европски интеграции при Парламентот на Република Северна Македонија.

„Имам позитивен впечаток дека, по октомврискиот неуспех на ЕУ да оформи консензус за старт на преговорите, работите се придвижија во позитивна насока, со што се враќа европскиот кредибилитет во земјава и регионот. На предложената Методологија гледаме како на позитивен исчекор, добра основа која им овозможува на земјите кои испорачуваат квалитетни реформи да добијат соодветна сатисфакција, но и соодветен реверзибилитет, доколку постои отсуство на волја за реформи. Ако искрено очекуваме процесот на преговори да претставува процес кој ќе бележи опиплив, долгорочен и одржлив напредок за земјата, тогаш не треба да нè плаши, барем не како граѓани, можноста да се констатира уназадување, па дури и можноста за казни. Велам како граѓани, бидејќи за нас како политичари тоа значи поголем предизвик да обезбедиме видливи резултати со кои ќе мора да се одржува процесот во позитивна насока. Да бидам прецизен – Методологијата е подобра за граѓаните, а посериозен предизвик за политичарите – но тоа, ќе се согласиме е добро. “ истакна Османи во своето обраќање, образложувајќи ги во продолжение елементите на самата методологија, како и нивното значење и реперкусиите врз процесот на европските интеграции на земјава.

„А во овој процес не влегуваме од нула, туку со сериозни резултати остварени зад нас. Како институција имаме идентификувани над седум и пол илјади акти од европското законодавство (Acquis), од кои без малку две илјади и четиристотини, или 31% се веќе транспонирани во нашето законодавство“, истакна Османи, посочувајќи на степенот на усогласеност и според кластерите предвидени во новата методологија.

„На пример во првиот, и најважниот кластер – ‘Фундаменти’, имаме усогласеност со европското законодавство од 34%; додека на пример во третиот кластер – компетитивност и инклузивен развој, како и во четвртиот кластер – зелената агенда и одржлива поврзаност, усогласеноста надминува над половина и се движи од 51% до 56% усогласеност соодветно“, посочи Османи, прикажувајќи ги графички овие податоци.

Во продолжение, Османи говореше за очекувањата во претстојниот период, изразувајќи надеж дека земјите – членки ќе успеат да го адресираат прашањето за старт на преговорите со земјава уште на самитот во март, со што мајскиот самит во Загреб, посветен на Западниот Балкан, навистина ќе претставува пресвртница за целиот регион.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ