Османи и Адеми негативни на Ковид-19

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се нагативни на КОВИД 19. Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен.

– По една недела изолација, првиот тест за 19-негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест, напиша вицепремиерот Османи.

Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.

– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра, напиша Адеми.

Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на КОВИД 19.

Би можело да ве интересира

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи