Османи: Германија може да помогне во решавањето на отворените прашања

Од:

Вчера, во рамките на посетата на Германија, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Михаел Рот, Државен Министер за Европа во рамките на Министерството за надворешни работи на Германија.

На средбата, Вицепремиерот Османи изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, особено истакната преку иницијативата на „Берлинскиот процес“, но и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија. “Во таа насока, Ви ја пренесуваме иницијативата на нашата Влада за создавање на стратешко партнерство меѓу Република Германија и Република Македонија, со што вашата поддршка би добила и формална суштина” – истакна Османи, додавајќи дека стратешкото партнерство би било особено важно за забрзување на европските и евро-атлантските интегративни процеси во Македонија.

На средата, Вицепремиерот Османи ја претстави новата политичка состојба во Република Македонија во однос на посветеноста на земјата кон реформите, но и кон отстранувањето на сите останати пречки кои ги попречуваат нашите европски и евро-атлантски интеграции. На Министерот Рот, Османи му ја презентира имплементацијата на Планот 3-6-9 и ја повтори посветеноста на Владата за целосно спроведување на сите потребни реформски приоритети за кои Владата презеде обврска да ги спроведе. Покрај имплементацијата на реформите, Османи посочи и на затворањето на две од трите клучни политички прашања кои претставуваа пречка за нашите европски интеграции: потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, за кој постои политичка волја да биде ратификуван во Парламентот; како и усвојувањето на новиот предлог – закон за употреба на јазиците од страна на Владата, за кој исто така се очекува да биде изгласан и во Собрание.

„Отстранувајќи ги останатите пречки на патот на нашите европски и евро-атлантски интеграции, Македонија останува соочена со спорот околу името на нашата земја со Грција, за чие решавање, како Влада но и како држава ние потребна помош. Затоа сакам отворено да побарам вклучување на Германија во решавањето на овој спор, ако една од највлијателните земји членки на Европската Унија и НАТО“ – истакна Османи. Тој додаде дека се работи за спор кој е предимензиониран поради неговото долго опстојување, и дневно-политичко злоупотребување, и кој предизвикува длабоки емотивни реакции кај двете страни, што го отежнува неговото решавање.

Средбата со Државниот Министер за Европа, Михаел Рот е централна средба на Вицепремиерот Османи, при неговата работна посета на Берлин. Во останатиот дел, Вицепремиерот се сретнува со повеќе високи претставници на Германската држава, како и влијателни претставници на невладини организации и тинк-тенкови од Германија. На средбите, Вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници ќе побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад