Османи: Фер и демократска кампања и избори за да го обезбедиме долгоочекуваниот почеток на преговорите

Од:

Медиумите и нивната улога во изборниот процес со цел да се обезбедат предуслови за фер и демократски избори и медиумската кампања, беа темите за кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) Зоран Трајчевски.

Османи по средбите во Државната изборна комисија (ДИК) и во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), денеска беше во посета на АВМУ. – Овие избори ќе бидат први парламентарни избори каде што ќе имаме нов начин на финансирање на кампањите на политичките партии и се разбира дека може да се појаваат работи кои се непредвидливи и нерегулирани, па затоа ги опфативме во оваа дебата сите аспекти за да имаме се помалку можни изненадувања во овој процес, односно да имаме една коректна, мирна, фер и демократска кампања, изјави Османи.

Тој образложи дека сето ова се прави за да имаме, како што рече, најдобар можен впечаток за земјата пред земјите членки кои веќе овие денови почнуваат да ги пишуваат првите букви во извештајот што треба да се објави во февруари, односно тој вонреден извештај за прогресот на државата во текот на втората половина од минатата година и оваа година, во пресрет на важната одлука за започнување на преговорите.

– Едноставно не смееме ништо да оставиме на случајност. Мораме да ги анализираме сите аспекти. Ние сме зрела демократска држава која што веќе неколку години наназад во изборниот процес нема речиси никакви нерегуларности и со тоа покажуваме сериозност за една европска држава. Мора да биде така и овојпат. Мора да биде особено овојпат, кога изборите и изборната кампања коинцидира со одлуката за започнување на преговорите. Самитот во март ќе биде на 26, а тоа е четврти ден од кампањата. Тоа што ќе се случи на третиот ден од кампањата, тоа што ќе се случи на вториот ден од кампањата директно ќе влијае на тоа како ќе гласаат министрите за надворешни работи и премиерите на земјите членки за започнување на преговорите, потенцира Османи.

Оттука, како што рече, обврска на секој од нас, поголема од било кој друг изборен процес, да бидеме внимателни за да имаме фер и демократска кампања и демократски избори за да можеме да го обезбедиме долгоочекуваниот почеток на преговорите кој ни отвора многу можности за државата, ни отвора поевропска земја, ни отвора пристап до структурните фондови според новата методологија и едноставно ново поглавје за живеењето на граѓаните и на општеството во целина, рече Османи.

– Фактот дека бројот на прекршоци од страна на медиумите во изборните процеси со секој изборен циклус се намалува се повеќе и повеќе па дури се сведува и на нула во одредени периоди е навистина знак на зрелост и на медиумскиот простор, но и на општеството во целина и на улогата и на регулаторот во оваа фаза, рече Османи.

Директорот Трајчевски изјави дека АВМУ сто отсто е подготвена, и од технички, кадровски и административен аспект, да ги спроведе своите активности за време на претстојните избори.

– Ние сме подготвени, како и во претходните изборни циклуси, да го дадеме максимумот. Во тоа веруваме, убедени сме. Гарантираме дека ќе го дадеме максимумот и дека спроведувањето на Изборниот законик од страна на Агенцијата ќе биде на највисоко ниво, дека тоа така ќе биде забележано и во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР и на сите набљудувачи, рече Трајчевски.

Додаде дека Агенцијата ќе биде еден од позитивните чинители во општеството кој ќе придонесе за позитивна оцена за нашата држава во Извештајот што следи за Самитот во март.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов