Османи: Џамбаски овојпат претера со провокациите, МНР ќе реагира во Софија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе испрати протестна нота до Бугарија поради говорот на омраза и навредите на европратеникот Ангел Џамбаски изречени кон македонскиот народ и премиерот Димитар Ковачевски.

– Говорот на европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски е говор на омраза и тоа е причина да реагираме како министерство. Досега се обидувавме да го игнорираме бидејќи целта му беше да ги искористи тие реакции. Овојпат ги надмина сите граници со провокациите.

Тука мора да реагира и бугарската држава затоа што тука се спомнаа територијални претензии и имаше говор на омраза и навреди кон еден народ во една држава. Би сакал ова ново поглавје во односите со бугарија да го искористи бугарската заедница да се промовира. Провокација на други народи со имиња кои не се соодветни не им помага на односите – истакна Османи.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

– Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев. Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на задачи и туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ. Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија кој има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски – рече Џамбаски.

Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека нашата Влада не решава ништо во врска со ЕУ, туку за тоа кои сме и што сме, решаваат Бугарите.

– Ние Бугарите сме дел од Европската унија, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од оние што решаваат каде сте вие. Кои сте вие, решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, ќе може да направите сојуз со Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов