Османи: Документот кој го спомнувам е португалскиот предлог

Од:

Македонија останува на португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков кој денеска ја предводеше бугарската делегација на отворањето на клубот на културниот центар „Ванчо Михајлов“.

„Сметаме дека португалскиот предлог треба да биде основа за решение“, рече Османи додавајќи дека вчерашниот коментар на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1.

Според Османи, честите средби би можеле да ја подобрат динамкиката на преговорите и покрај разликите.

Oтворањето на клуб на културниот центар „Иван Михајлов“ бил настан во организација на Клубот и на бугарската Амбасада и никој од македонската страна не бил вклучен рече министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната посета со бугарскиот премиер кирил Петков на трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, кој енергетски ги поврзува Република Северна Македонија и Република Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8.

– Ние не бевме вклучени во тој дел. Тоа беше иницијатива на Амбасадата. Ние учествувавме во делот на презентација на далекуводот Битола – Елбасан кој што е дел од Коридорот 8 и е важен за поврзувањето помеѓу двете држави инфраструктурно, вклучувајќи ја и дистрибуцијата на електрична енергија бидејќи Република Бугарија со ова ќе добие шанса да извезува струја не само во Албанија, туку и во Италија, појасни Османи во изјава за медиумите.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен