Османи до партиите: Покажете зрелост, донесето го Законот за јавно обвинителство пред изборите

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека Законот за јавно обвинителство кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен до 3 февруари, кога и ќе се одржи последната пленарна седница. Османи ги повика партиите да ги надминат партиските разлики, бидејќи носењето на законот е важно за Холандија и Франција, кои пак, треба да овозможат пристапни приговори со Европската унија.

„Независно што на сите ни е јасно дека прашањата кои требаше да ги регулираат со Законот за јавно обвинителство, се веќе регулирани, тука мислам на преземање на архивата, предметите. Сепак носењето на законот има симболично значење, тој се изгласува со 2/3 од пратениците, тоа е консензуално вклучување на сите партии во борбата со корупцијата. Законот е посебно важен за Холандија и Франција. Повикувам политичките партии да ги надминат партиските разлики и да се донесе законот. Имајќи в превид дека сите прашања се суштински решени, ние мора да најдеме компромисно решение по однос на Законот за јавно обвинителство“, посочи Османи.

Тој повтори дека носењето на овој закон не е формален услов за преговори со Европската унија, но некои од земјите членки сметаат дека е важен предуслов за воспоставување на правна држава.

„Законот за јавно обвинителство не е формален „бенџ-марк“, не е впишан во документите на ЕУ. Затоа имавме чиста препорака. Индивидуално, земјите членки сметаат дека овој закон е важен предуслов за воспоставување на правна држава. Пред се, носењето на законот е знак на зрелост. Надминување на партиските разлики. Затоа мислам дека е важно носењето на овој закон, иако прашањата е решени бидејќи јавното обвинителство продолжи, таму каде што, СЈО застана“, додаде Османи.

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски