Денеска е многу важен ден за нас, еден од најпозитивните моменти после октомвриското разочарување во Брисел кога неуспехот на ЕУ да постигне консензус за продолжување на процесот создаде разочарување, непредвидливост и го разниша кредибилитетот Унијата во Западниот Балкан, меѓутоа и меѓусебната доверба меѓу Унијата и Балканот.
Денеска е првиот ден кога процесот на враќање на кредибилитетот почнува силно и позитивно, истакна денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Оваа иницијатива на Европската комисија, посочи, е добра основа за динамизирање на процесот за враќање на кредибилитетот и довербата, меѓутоа и за втемелување во клучните приоритети на Комисијата и враќање на Западниот Балкан во геостратешките приоритети на ЕУ, а имајќи предвид дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Леен ја прогласи оваа Комисија како геополитичка, а за ЕУ геополитиката почнува на Балканот.
Good message to our #WesternBalkans friends about EU enlargement process: Today the @EU_Commission proposes a credible & dynamic plan paving the way for opening accession talks with North Macedonia & Albania (????). EU enlargement is a WIN-WIN situation. #geopoliticalcommission
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 5, 2020
Османи појасни дека новата ЕК предвидела неколку чекори, за да може успешно да биде финализиран процесот, што сме го почнале пред неколку години.
Како прв чекор, нагласи, беше предвидена потребата за ревизија на методологијата, второ донесување одлука за започнување преговори и трето донесување план за економски развој на регионот на Самитот во Загреб.
Денеска го поминуваме првиот исчекор.
Европската комисија излезе со иницијатива за предлог методологија која веднаш ќе оди во другите тела, во Европскиот парламент и на самиот Совет на ЕУ каде очекуваме да нема дебата по однос на содржината на методологијата, туку само усвојување заклучоци кои потоа би биле извршни.
Како што најави комесарот денеска на прес-конференција следен чекор е вонредниот извештај за Република Северна Македонија надвор од редовниот циклус на априлски извештаи, имајќи ја предвид најавата на комесарот дека нема да излезе со извештај доколку нема чувство дека земјите-членки позитивно пристапуваат кон потребата за донесување одлука за почнување преговори, рече Османи.
“Enhancing the accession process – A credible EU perspective for the Western Balkans”. Tdy, @EU_Commission has come up with substantive document, providing the @EUCouncil with a strong tool to reinvigorate the ?? accession process pic.twitter.com/pElPumk2Yf
— Bujar Osmani (@Bujar_O) February 5, 2020
Потенцира дека вториот најважен момент денеска е фактот што Комисијата има донесено одлука за вонреден извештај во февруари, во кој ќе се надополнува минатогодишниот извештај со новите аспекти и постигнувања на државата и тоа да биде како основа за расправа на Советот на ЕУ на 26 март во Брисел, а потоа во мај да го очекуваме и новиот план за економски развој на регионот.
Четири принципи кои денеска ги предложи Комисијата во методологијата се кредибилноста, динамичноста, предвидливоста и политичкото управивање, сметам дека се позитивни моменти во самиот пристапен процес кој вклучува политички ангажман на двете страни. Тоа го прави процесот посуштински, потемелен и поотчечен и пообврзан.