Османи: Датум од ЕУ за Македонија ќе биде поттик за целиот Западен Балкан

Од:

Напредокот во соработката меѓу двете земји, со акцент на прекуграничната соработка, европските перспективи на Западен Балкан, евроинтегративните процеси, како и очекувањата од претстојниот самит на ЕУ, беа теми на денешната средба во Приштина на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

– Датум за преговори за Република Македонија, претставува пресвртна точка за нашите европски интеграции, но и важна одредница за европските перспективи на целиот Западен Балкан, изјави Османи.

Тој изрази задоволство што целиот регион забележително се движи во европски правец и постои кредибилна перспектива за напредок за секоја од земјите.

– Затворивме исклучително комплексен и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што претставува меѓудржавен дипломатски успех кој верувам ќе се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион, истакна Османи, додавајќи дека заедно со успешното имплементирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, на дело ја демонстрира сериозноста и зрелоста на Македонија и нејзините соседи.

Во текот на работната посета, вицепремиерот Османи ќе оствари средба и со потпретседателот на владата на Косово, Енвер Хоџај, каде фокус на разговорите ќе биде соработката меѓу двете влади.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија