Османи-Безак: Нема друга алтернатива освен евроатлантска интеграција

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот Османи ја истакна важноста на билатералната поддршка, како и поддршката на Република Словачка во рамките на Вишеградската група за евроатлантската интеграција на Македонија

– Очекувам во претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирањето на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури, рече Османи.

Османи нагласи дека долгата политичка криза во земјата влијаеше на сите сегменти од општеството вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ. Тој посочи дека должност на Владата е да се фокусира на повторно градење на позитивниот имиџ на државата, како и враќање на демократијата и владеењето на правото.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се искористи новиот моментум и Владата да се фокусира на реално остварливи цели кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција, соопшти СЕП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница