Османи: Академската заедница е клучен фактор за подготовката за преговори со ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити.

Целта на средбата е продолжување и зајакнување на соработката во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и МАНУ, и тоа во насока на реактивирање на Советот за европска интеграција во рамките на Академијата.

„Имајќи ги предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг, потребно е да ги активираме механизмите за идентификување, мапирање и вклучување на разни експертски и стручни капацитети кои припаѓаат на академската фела, но исто така, од аспект на подготовката за почеток на преговорите, мапирање на сите научни и истражувачки капацитети и поединечни експерти кои се на располагање по Поглавјата и подрачјата од правото на ЕУ“, истакна Османи.

Османи го информираше Претседателот на МАНУ и за напредокот во исполнувањето на реформскиот процес, посочувајќи на инклузивноста наметната уште при имплементацијата на Планот 3-6-9, за што посочи и на потребата и од зајакнување и продлабочување на соработката во специфични области дефинирани и во Планот 18 – правосудство, јавна администрација и безбедносните системи.

Соговорниците изразија согласност дека соработката меѓу СЕП и МАНУ мора да продолжи, и согласно предизвиците од европските интеграции, и да се интензивира.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат