Османи и Адеми извршија увид на училиптето „Исмет Јашари“ во Липкови, изградено со ИПА средства

Од:

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, заедно со министерот за образование, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посетија средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково.

Од СЕП соопштија дека Османи и Адеми при посетата извршиле увид на лице место на искористеноста на проекти кои се изградени со донација на ИПА средства од страна на Европската Унија.

Османи појасни дека главниот објект на училиште „Исмет Јашари“ е изграден со директната италијанска помош од 300 илјади евра, средства од ИПА од 230 илјади евра, како и со буџетски средства од 220 илјади евра.

Тој информираше дека со ИПА средства реализирани се повеќе проекти во Липково како што се патот меѓу двете брани, Домот на културата во Липково, речното корито…, а во тек е изградба на граничниот премин Бељановце – Станчич.

Османи укажа и на повикот за аплицирање за проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово кој е отворен до 1 ноември 2018. Преку овој повик треба да се реализираат проекти во висина од 175 до 350 илјади евра, кои се достапни за општините, училиштата, младински, туристички и културни асоцијации, невладини организации…

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури