Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Од:

Ослободено е мече, кое било заглавено во гранки на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Случајот бил пријавен утрово на eдинствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК).

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.

– Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките. Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, се наведува во соопштението од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Левица: Поднесовме кривична против Сашо Дранго, Мицкоски не го разреши

Горан Наумовски