Ослободен од затвор Звонко Костовски осуден за „Пуч“

Од:

Звонко Костовски одуден за шпионажа и неовластено прислушкување во случајот „Пуч“, е помилуван откако одлука за негово потполно слободување од натамошно издржување на тригодишната казна затвор била доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

– До Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што Судија за извршиување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската инсистуција, за потполно слободување од натамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К., кој со предлог спогодба КОК ПП бр. 131/15 од 25 март 2015 година е осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години за кривичните дела Шпионажа од член 316 ст. 4 вв со член 24 од КЗ и Неовластено прислушкување од член 151 ст. 4 в.в со ст.1, а во врска со член 45 од КЗ, се вели во соопштението обајвено на веб страницата на Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Помилувањето на Костовски, кој е поранешен вработен во УБК, следи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за укинување на сите постапки против политичарите од власта и од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов