Осигурениците генерално задоволни од работењето на ФЗОМ

Од:

Македонците задоволни од работењето на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања – Скопје, а нарачана од Фондот за здравствено осигурување, покажува дека Фондот го подобрил работењето од претходниот период, а испитаниците дека се задоволни од брзината на добивањето на услугата, времето на чекање, работното време. Забелешки имаат на односот на шалтерските работници и истакнатоста на информациите.

Од учесниците во анкетата 62,6 проценти се изјасниле како задоволни од работењето на подрачните служби, додека 37,4 како незадоволни. Од брзината на добивање на услугата задоволни биле 56,4 проценти, а 43,6 се незадоволни. Од времето на чекање на шалтерите 52,1 отсто се изјасниле дека тоа е кратко и соодветно, за 31,4 долго. 73,8 проценти се задоволни од работното време. Целосно се задоволни од односот на шалтерските работници 26,8 проценти, а 47,5 проценти прилично се задоволни. 48,9 проценти прилично се задоволни од истакнатоста на инфорамциите за постапката на остварувањето на правата. 60,1 процент сметаат дека е подобро правото да се оствари преку интернет отколку со доаѓање шалтер. 43 проценти сметаат дека во изминатиот период е подобрено работењето во подрачните служби на ФЗОМ.

Фондот соопштува дека резултатите од анкетата претставуваат реален показател дека ФЗОМ има место за подобрување на квалитетот на услугите. Генерално добрата перцепција на осигурениците за работењето на ФЗОМ се должи во голем дел на заложбата и посветеноста на сите вработените во ФЗОМ.

ФЗОМ посочува дека во наредниот период ќе се насочи кон електронско добивање услуги, континуирана доедукација на шалтерските работници како и поголема едукација на јавноста за правата на осигурениците.

Анкетата е спроведена на репрезентативен број осигуреници во сите 30 градови каде ФЗОМ има подрачни служби.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов