Оштетен дел од инвентарот во основното училиште „Гоце Делчев“ во Подгорци

Од:

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во струшкото село Подгорци синоќа биле искршени врати од неколку простории.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, не се работи за кражба, туку за оштетување на дел од инвентарот во училиштето.

– Непознатите сторители синоќа влегле во просториите на училиштето и оштетиле пет врати, меѓу кои и вратата на наставничката канцеларија, како и делови од санитарните елементи во тоалетите, но не одзеле ништо, информира Димоски.

Во селото Подгорци пред неколку месеци непознати лица извршија обид за кражба на бронзената биста на македонскиот револуциенер Гоце Делчев од нејзиниот постамент која се наоѓа во близина на основното училиште. Поради таквите обиди бистата беше извадена и ставена на чување во просториите на основното училиште „Гоце Делчев“ во Подгорци.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски