Оружје и муниција пронајдени при претрес во селата Чифлик и Ржаничино

Од:

Полицијата при претрес на домовите и други простории на две лица од скопското село Чифлик во Чифлик и во селото Ржаничино откри ловна пушка, и 105 куршуми од различен калибар.

Какошто информира МВР, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, денеска врз основа на претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом и други простории во село Ржаничино и село Чифлик, скопско, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од село Чифлик.

-При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65×39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција, соопшти МВР.

Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

ОЈО: Во Шипковица е пронајдено оружје и фалсификувани пари

САД постигнаа рекордна продажба на оружје во 2023 година