Оружен грабеж во маркет во Куманово

Од:

Засега непознат сторил вчера вечер извршил оружен грабеж во маркетот „Елида“ во кумановската населба Карпош при што одзел 57.000 денари.

Како што соопшти полицијата во Куманово, кражбата била извршена во 19:26 часот кога сторителот влегол во маркетот и со закана со пиштол кон вработените го одзел дневниот пазар.

– Сторителот влегол во маркетот, го извадил пиштолот и го вперил кон една од вработените, која успеала да го притисне копчето за аларм. Тој ја забелажал и ја удрил по главата, потоа ја принудил да оди кон магацинот, каде што нејзината колешка му ги дала парите. Сторителот уште еднаш ја удрил вработената по главата по што избегал во непознат правец, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници