Организацијата што суши пиперки на тераса, продолжи со сомнителните анкети во Велес, Сопиште, Виница и Илинден

Од:

„Организацијата за граѓански активизам и независност“- О.Г.А.Н., откако ја затрупа јавноста со анкети во кои сигурно „тепа“ ВМРО-ДПМНЕ, викендов продолжи со анкети за уште четири општини. Повторно се наведува дека сигурно победуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Илинден, Виница и Сопиште.

Претходно анкетите на О.Г.А.Н.покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ победува во Скопје, Аеродром, Кисела Вода и на уште многу места.

-Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје, се наведува во неколкуте портали што ја пренесоа анкетата.

Резултатите покажуваат убедлива предност на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува текстот.

А1он“,се обиде да стапи во контакт со оваа организација и беше на адресата каде е запишано седиштето, во делот од Ченто, на патот кон Арачиново. Куќата има два влеза, но на ниту еден од нив никој не отвори. На терасата на пријавеното седиште се сушат пелени и пиперки. Соседите, кои не сакаа да зборуваат пред камера, не знаат дека тука има Здружение, но потврдија дека тука живее Маја Додевска – Пешевска, која, според Централниот регистар, заедно со Николче Стојановски, Марија Ивановска и Мартин Ничевски е сопственичка на „Организацијата за граѓански активизам и независност“.

Здружението и по неколку дена не одговори на прашањата испратени на имејлот наведен како контакт во Централниот регистар. Ги прашавме колку вкупно анкети направиле досега, каде ги објавуваат анкетите и од кога се занимаваат со правење анкети со оглед дека во регистрацијата на Здружението стои дека ќе се занимаваат со дејности од областа на културата, но не е наведено дека ќе прават предизборни анкети и истражувања.

На претходните избори имаше вакви „фантомски“ институти и организациии кои немаа седиште, а анкетите се штанцаа во партиски штаб. Откако сите нивни прогнози од анкетите беа промашени, немаше поента да продолжат со манипулацијата.

По изборите ќе биде јасно дали овие анкети се реални или пак намерно штелувани за да се врши психолошки притисок врз гласачите, за што засега не е предвидена законска казна.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска