А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Орбан: Отвореното прашање со Грција не треба да биде пречка за почеток на преговорите со ЕУ

by А1он14/11/2012 - 14:5814/11/2012 - 14:58191
Share0

Унгарија силно ја поддржува интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, а отвореното прашање со Грција не треба да биде пречка за почетокот на пристапните преговори со Унијата, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната средба со претседателот на макеоднската Влада Никола Грувески во Будимпешта.

Добивај вести на вибер

Премиерот Груевски на средбата го информира Орбан за реформите кои се спроведуваат во Македонија, а кои беа позитивно оценети од страна на Европската Комисија во најновиот извештај за напредокот на земјата, и каде по четврти пат беше препорачано ЕУ да определи датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Унијата.

Двајцата премиери ги констатираа одличните односи меѓу двете земји и истакнаа посветеност за нивно натамошно унапредување и продлабочување на секое поле од заеднички интерес.

Акцент е ставен на можностите за натамошно унапредување на економските односи, зголемување на економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во таа насока Груевски и Орбан го поздравија денешното формирање на мешовитата македонско-унгарска комисија за економска соработка, за која оценија дека со својата работа значително ќе придонесе за интензивирање и динамизирање на економските односи меѓу компаниите од двете земји, како и на севкупната соработка меѓу Македонија и Унгарија.

Премиерите Груевски и Орбан разговараа и за ефектите и влијанијата од европската должничка криза и механизмите за надминување на предизвиците и овозможување на економски раст и развој. На средбата стана збор и за соработката во областа на образованието и културата.

eupremier

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто