Орав не сакал да навреди никого кога не нарече Славомакедонци

Од:

Иванов го повика, Орав дојде. Иванов побара извинување, но Орав без извинување, излезе со објаснување.

На денешната прес конференција, само за државните МИА и МТВ, евроамбасадорот Орав изјави дека немал никаква намера да навреди некого кога Македонците ги преименуваше во славомакедонци.

– Во изминатите два дена имаше прашања поврзани со мојата изјава во Европскиот парламент минатата недела. Во ЕП бев на средба на Комитетот за надворешни работи каде се разменија мислења за земјава. Присутни беа членови на Парламентот, на кои им се обратив и одговарав на нивни прашања. Мојот говор содржеше три главни пораки: околу перспективите на вашата земја во однос на ЕУ, околу значителниот прогрес кој вашата земја го оствари кон ЕУ во изминатите неколку месеци и трето, за важноста од унапредување на овој прогрес за понатамошно приближување кон ЕУ. Во однос на прашања врзани со меѓуетничките прашања, користев јазик разбирлив за присутните таму. Не беше дадена никаква политичка изјава, ниту имав за цел да навредам некого. Ние во институциите на ЕУ разбираме колку е чувствително ова прашање во земјава, а и јас лично разбирам колку е чувствително, рече Орав на средба со новинарите во ЕУ Инфо центарот.

Европската унија, вели евроамбасадорот, не зазема страна во спорот околу името, ниту предвидува исходот од преговорите околу името. – Се надеваме дека ќе видиме заемно прифатливо решение, изјави евроамбасадорот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија