Орав: Ја следиме ситуацијата во Македонија

Од:

ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата  во Македонија одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави денеска евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав.

– Вчера имавме заедничка изјава од Делегацијата на ЕУ и на САД. Мислам дека нашиот став е многу јасен во врска со тоа прашање. ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави Орав, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на Унијата за непризнавањето на изборите од страна на опозициската СДСМ.

Евроамбасадорот рече дека исто така го споделуваат оценката содржана во извештајот за изборите на ОБСЕ/ОДИХР и дека исто така детално го проучуваат.

– Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани, наведоа од Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД во вчерашната заедничката изјава.

Ги повикаа сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори, се вели во заедничката изјава.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он