Орав доставил дипломатска нота до МНР за прислушувањето

Од:

Амбасадорот на Европската унија (ЕУ) во земјата, Аиво Орав, до Министерството за надворешни работи (МНР) доставил дипломатска нота откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, соопшти дека најмалку шест амбасадори на најважните земји биле прислушувани. Евроамбасадорот преку нотата побарал да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, пишува „Призма“, повикувајќи се на дипломатски извори на БИРН.

Како што пишува „Призма“, информацијата официјално ја потврдиле од МНР, преку писмена изјава во која било наведено дека „нотата е упатена при искажани закани во јавноста од лидер на политичка партија дека поседува нелегално стекнати и креирани материјали“.

„Имаме постојана комуникација, но не можеме да коментираме кога станува збор за билатерална комуникација, преку вербална нота или поинаква. Јавната комуникација ја изразуваме преку соопштенија“, бил одговорот од канцеларијата на амбасадорот Орав доставена до БИРН во врска со ова прашање.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини