Општински натпревар „Млад библиотекар“ во библиотеката во Куманово

Од:

Во кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска се одржа 15. општински натпревар „Млад библиотекар“.

На натпреварот, кој се одржа по повод Месецот на книгата, учествуваа ученици од сите 16 основни училишта од градот, кои имаа можност да го покажат своето знаење од областа на библиотекарството. Победникот ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 3 ноември во Струга.

– Во насока на популаризација на книгата, по повод Месецот на книгата кој се одбележува од 15 октомври до 15 ноември библиотеката организира и литературен и ликовен натпревар, кој ќе се одржи на 24 и 25 октомври. Имаме поднесено голем број на пријави околу 120 од основните и средните училишта, а на натпреварите ќе учествува и македонски писател за деца кој ќе им ја зададе темата на учениците, изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

Надлежните од библиотеката нагласија дека се задоволни од знаењето кое го покажуваат учениците. Тие се надеваат дека кумановци и оваа година, како и претходните ќе постигнат високи резултати и на државниот натпревар.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане