Општините за новогодишното украсување потрошиле 30 проценти повеќе од лани

Од:

Локалните власти за новогодишното украсување за дочекот на 2019 година потрошиле околу 615 илјади евра, што е за 30 проценти повеќе од претходната година, покажува анализата направена од Центарот за граѓански комуникации.

За разлика од 2017 година кога улиците и плоштадите за Новата година ги краселе Град Скопје и 18 општини во вкупна вредност од 474 илјади евра, за дочекот на 2019 година тендери за украсување спровеле 26 општини и Град Скопје.

Околу 55 проценти од парите за новогодишно украсување се потрошени во Скопје и тоа од страна на општините Карпош, Аеродром, Чаир, Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари. Само Град Скопје потрошил околу 260 илјади евра, што е за 33 проценти повеќе од 2017 година.

Според податоците од анализата, најголем дел од парите завршиле кај скопската фирма „Линк Медиа Плус“, што за два склучени договори со Град Скопје и со Општина Струмица добила над 300 илјади евра, а најмногу договори, вкупно 11 во вкупна вредност од 185 илјади евра, биле склучени со фирмата „Метал-Вет-Ел“ од Скопје. Договори со „Метал-Вет-Ел“ склучиле скопската Општина Аеродром, Охрид, Куманово, Чаир, Радовиш и Гевгелија.

Во пресметката на трошоците за новогодишно украсување се вклучени тендерите на 27 единици на локалната самоуправа.
Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од четири години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок.

Базата на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Јавно трошење за јавно добро“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ