Општина Струмица и граѓаните во заедничка акција „Чиста и уредна средина“

Од:

Oпштина Струмица организира акција „Чиста и уредна средина“ за поголема  комунална хигиена во градот. Акцијата ќе се спроведе во соработка со „Систем 48“, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, одделението за заштита на животната средина и граѓаните на општина Струмица. Акцијата ќе стартува на 15 јуни со расчистување на јавните површини, дворните места и површините пред станбените згради, а ќе заврши на 29 јуни. За успешно спроведување на акцијата, градот ќе биде поделен на три реони.

Се повикуваат сите граѓани, масовно и активно да се вклучат во акцијата со расчистување на отпадот од нивните дворни места и подрумски простории и истиот да го остават пред своите домови и да пријават на „Систем 48“ на бесплатниот телефонскиот број 0800 1 48 48 за да биде подигнат. Во акцијата ќе се собира домаќински и кабаст отпад, а не и градежен шут.

Со оваа акција, градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица заедно со  граѓаните, уште еднаш како многу пати досега, на дело ја потврдуваат заложбата за чиста и уредна Струмица, како што му доликува на еден модерен европски град.

 

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица