А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Старо Нагоричане ќе добие туристичко-информативен центар

by А1он30/01/2017 - 13:2331/01/2017 - 08:15586
Share0

Во рамки на проектот „Изградба на мост на туризам-спој на заедничкото наследство“ кој го имплементира општина Старо Нагоричане во партнерство со општина Рила од Бугарија, во поранешниот Задружен дом во село Младо Нагоричане, ќе биде отворен туристичко-информативен центар, соопштија, денеска надлежните од општината.

Добивај вести на вибер

Домот ќе се реконструира и адаптира во туристички-информативен центар во кој домашните и странските туристи и посетители ќе имаат можност да добијат информации за бројните цркви, манастири, локалитети, културно-историски споменици кои се наоѓаат на подрачјето на општината Старо Нагоричане.

– Специфична цел на проектот е зајакнување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за зачувување и одржливо користење на природното и културното наследство. Општа цел на проектот е подобрување на локалната економија преку промоција и развој на туристички потенцијали во општина Старо Нагоричане, изјави градоначалникот на општината, Милован Стојковски.

Во проектот се вклучени двете општини, менаџерите и персоналот од областа на туризам и невладините организации.

– Меѓу очекуваните резултати за општина Старо Нагоричане се основање на туристичко -информативниот центар, промовирање на туристичката понуда на Старо Нагоричане, како и промоција на едукативниот центар за стари занаети и работилница за изработка на сувенири, изјави Стојковски.

Посетителите преку туристичкиот центар ќе имаат можност детално да се информираат за бројните локалитети, културно-историски споменици кои се лоцирани на подрачјето на општината, меѓу кои, мегалитската опсерваторија Кокино, манастирот Карпино, комплексот Костоперска карпа со црквите „Света Петка“ и „Свети Ѓорѓи Победоносец“, спомен костурницата Зебрњак, средновековната црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а воедно во општината има бројни места кои пленат со својата недопрена природа.

– Она што како дел од проектот треба да го реализира партнерската општина Рила е реновирање на старата византиска црква „Свети Архангел Михаил“ препознатлива по својата внатрешност, фрески и иконописи, посочува градоначалникот Стојковски.

Проектот се спроведува во рамките на Првиот повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и РБ – INTERREG и ќе трае до 27 април 2018 година.

turizam

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Предраг Петровиќ20/08/2025 - 17:03

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 19:35

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски29/12/2023 - 08:0129/12/2023 - 08:03

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 10:2328/12/2023 - 10:32

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 15:1421/07/2023 - 16:25

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он02/09/2021 - 16:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен