Општина Охрид вели дека ќе ја отстрани дивоградбата кај Чинарот, но не кажува кога

Од:

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, демантира дека не постапува согласно неговите надлежности во врска со дивоградбата на советникот од ДУИ, Нефи Усеини, но не кажува зошто инспекторатот не прави нов увид на објектот кај Чинарот, каде и покрај забраната која е изречена, се уште се гради, што претставува ново кривично дело.

Од Општината велат дека објектот ќе биде отстранет, заедно со сите други дивоградби, но не прецизираат кога. Тие кратко го повторуваат ставот кој градоначалникот Георгиевски го кажа од пред три месеци, дека тендерот ќе биде распишан во најскоро време.

“Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и Општина Охрид работат во согласност со сите предвидени законски процедури за постапување со бесправно изградени објекти. Истото се однесува и за бесправно изградениот објект кој го споменувате во Вашата објава. Со ребалансот на Буџетот на Општина Охрид односно Одлуката за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2019 година која што Советот на Општина Охрид ја усвои на седницата одржана на ден 10.06.2019 година, предвидени се 1.500.000 денари во Програмата за уредување на градежно земјиште во делот на ставката за рушењена објекти. Бидејќи веќе се обезбедени средства за оваа намена, во најскоро време ќе биде започната процедура за објавување на јавна набавка за ангажирање на фирма која ќе уривабесправно изградени објекти”, се вели во дописот од Општината.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Охриѓанец осомничен за обид за убиство на 39-годишна скопјанка