Градоначалникот на Охрид наместо да ја спречи, тој ја поддржува дивоградбата кај Чинарот

Градоначалникот Константин Георгиевски сè уште нема распишано тендер за избор на фирма која ќе треба да ја урне дивоградбата кај Чинарот, која е во сопственост на советникот во Општината од ДУИ, Нефи Усеини. Од моментот кога беше издадено решение за уривање на градбата, пред три месеци, увид во градежните работи нема извршено ниту општинскиот градежен инспектор.

За непречено да се продолжи со градба на објектот, инвеститорот Усеини ја тргна и жолтата лента за забрана за градење, што претставува кривично дело. Објектот е бетониран, а се поставува и фасадата со украсни плочки кои изгледаат како камења. Десетици работници го работат и ентериерот на дивоградбата, а пред објектот, на десет метри од Чинарот има расфрлано градежен шут.

Иако градоначалникот Георгиевски знае дека советникот сè уште гради, тој не превзема никакви мерки за да го спречи. Според законите, кривично дело е ако се издаде решение за уривање на дивоградба, а објектот и натаму се гради, за што е пропишана и казна. Георгиевски не покренува постапка ниту против инспекторот, кој, не постапува согласно своите надлежности, а со тоа, го игнорира случајот со дивоградбата во заштитеното подрачје од УНЕСКО.

Охридскиот градоначалник Геогиевски пред изборите рече дека ќе распише тендер за избор на фирма за уривање на дивоградбата веднаш по завршувањето на изборниот процес, но и три месеци потоа, не е започната постапката. Од Општината велат дека се правел ребаланс на буџетот, па затоа тендер не е распишан.

Непостапувањето на градоначалникот Георгиевски, беше доволен период за совеникот Усеини од ДУИ да ги заврши градежните работи, а неофицијално до први јули, објектот ќе биде отворен за гостите.

Последно за нелегалните градби реагираше и УНЕСКО од каде побараа мораториум за градење и отстранување на неавтентичните холтикултурни решенија. Градоначалникот Георгиевски експресно ги отстрани палмите од центарот, започна со отстранување на билбордите, но не и со дивоградбите, меѓу кои е објектот кај Чинарот.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција за напад на инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата во заштитеното јадро на Охрид. И по речиси месец дена, советникот од ДУИ не се гони за ниту едно кривично дело.

Објектот чиј инвеститор е Усеини, се појави за време на викендот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Охридскиот инспектор го излажал Обвинителството дека објектот на Усеини е привремено поставен

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеин?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев до Усеини: Апелирам сам да си ја урнеш дивоградбата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Стоилковски: Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат

Антикорупциска: Советникот Усеини не може да добие тендер за уривање дивоградби од Охрид

Кристијан Ландов

Када заврши во Охридско езеро

Ана Ололовска