Општина Куманово вработува 34 административни службеници

Од:

Општина Куманово распиша конкурс за вработување на неопределено време на 34 административни службеници, од кои согласно балансерот, девет треба да се припадници на албанската етничка заедница, четворица на ромската и останатите од македонска етничка заедница.

Советниците на денешната седница ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот план за вработување во општината. Стручните служби веќе ја започнале процедурата.

– Од понеделник ќе видиме уште кои вработувања ќе можеме да ги реализираме, заради тоа што сега до 5. август до распишувањето на локалните избори, ќе може барем општината Куманово да ги задоволи потребите за вршење на основните функции на општината, изјави секретарот на општината, Валентина Алексовска.

Лицата ќе бидат примени на неопределено време, но во моментов не може да се распишат позиции за раководни места, бидејќи заинтересираните треба да положат испит за административно управување.

Во општината има вработено 200 административни службеници. Инаку, ова е трета измена на годишниот план за измена и дополна на годишниот план за вработување.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане