Општина Куманово со 400.000 денари ќе го подобрува туризмот

Од:

– Општина Куманово ќе ја подобрува туристичката пропагaнда и условите за престој на туристите во Куманово, со приближно 400.000 денари на годишно ниво, информираа денеска од Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој.

Програмата, објасни раководителот на секторот, Зоран Павловски е донесена врз основа на Законот за локална самоуправа и со неа се уредуваат намената на средствата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2017 година.

За брошура „Посети го Куманово“ што ќе се печати на повеќе јазици, македонски, албански, српски и ромски ќе се одвојат 80.000 денари.

– Предвидени се и средства за печатење на флаер, оддржување на веб страната, за печатење на брошурата „Чевларска шопинг тура“ за која ќе бидат одвоени 30.000 денари, изјави Павловски.

Што се однесува до конкурсот за најдобра фотографија со мотиви од Куманово и изложба ќе бидат одвоени 60.000 денари, за конкурс за изработка на сувенир, општината одвојува 50.000 денари. Општина Куманово ќе одвои и 70.000 денари за поставување на знаци, патокази до културно-историските споменици, а ќе постави и билборди на влезовите во градот, како и на коридорите 8 и 10. По потреба во текот на реализацијата на програмата, појасни Павловски може да се врши прераспределување на средствата од една во друга позиција, за што претходно ќе се информира Советот на Општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски