Општина Куманово распиша тенедер за дезинсекција и дератизација

Од:

Општина Куманово распиша тенедер за дезинсекција и дератизација, за што од општинскиот буџет ќе бидат одвоени десет илјади евра.

– Моментално се примаат понудите. Очекуваме за десетина дена да заврши тендерот и да се одбере фирма по што ќе се отпочне со третаманите, вели секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска.

Дезинсекција на крлежи ќе се спроведе на зелените површини на градскиот кеј, парковите, на плоштадот, покрај болницата. Површините ќе бидат видно одбележани. Дератизацијата ќе го опфати потегот околу кејот на реката Кумановка, на канализациони шахти и на отвори за атмосферска вода.

Општина Куманово минатата година спроведе две акции во мај и во септември, кога беа опфатени 1.600 шахти, а со дезинсекција 60.000 метри квадратни површина.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане