Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на општината

Од:

Во рамки на програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во Куманово, општината распиша конкурс за избор на сувенир на општината.

Надлежните од одделението за локален економски развој ги повика заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција. Меѓу критериумите кои што треба да се исполнат е сувенирот да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоци.

За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс…, идејната концепција, развојот и начинот на изработка треба да бидат текстуално образложени.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 30 -ти мај годинава, а изработениот сувенир во затворен плик (кутија) треба да се достави на адресата на општината „11 Октомври“ бб, со назнака „Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово”. Општината ќе додели една награда во вредност од 30.000 денари. Добитникот на наградата, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски