Општина Куманово по осми пат организира забава за матурантите

Од:

Општина Куманово, традиционално по осми пат организира матурска забава на која се очекува да присуствуваат околу 750 матуранти од трите средни стручни училишта и двете гимназии од градот, заедно со нивните класни раководители, професори, директори. Забавата ќе се одржи вечер со почеток во 23 часот во клубот Спејс, а е во организација на Секторот за култура при општина Куманово.

– Во неколкучасовна забава ќе го прославиме нивното полнолетство и матурирање и ќе им посакаме едукативниот процес да го продолжат според нивните способности и желби во насока како тие очекуваат да бидат интегрирани во оваа општество, изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

За оваа намена општината ќе одвои 60.000 денари. Матурантите, ќе добијат гратис влезници кои се веќе доставени во нивните училишта.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане