Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Од:

Општина Куманово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.

– Повикот е објавен на официјалната веб-страница на општината и на огласна табла, а заинтересираните можат да се обратат до службите за поднесување на барањата, информира денеска Секторот за урбанизам.

Од општина Куманово ги повикуваат заинтересираните правни и физички лица да достават иницијативи за изработка и донесување урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко уредување.

Надлежните од секторот појаснуваат дека предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистчки план или изменување и дополнување на постоечкиот урбанистички план, при што подносителот треба да достави образложение за бараната измена и предлог на планскиот опфат.

– Претходно повик беше објавен во септември минатата година. Имаше повеќе заитересирни подносители. За оние иницијативи кои ги исполнија законските процедури, веднаш беше отпочната постапка, која согласно Законот, мора да потенцирам е реалтивно долга, но службите работат на запазување на роковите, изјави раководителот на секторот за урбанизам Лидија Ланг Спасовска.

Јавниот повик, согласно законот, се објавува два пати годишно и ќе трае до 23 март годинава.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе