Општина Куманово го усвои кварталниот извештај за извршувањето на ланскиот буџет

Од:

Буџетот на Општина Куманово во 2016 година изнесуваше 1,474 милијарди денари. На приходната страна реализацијата е 91 отсто, додека на расходната извршувањето изнесува 89 проценти.

Ова беше речено денеска на седница на Советот, на која се усвои кварталниот извешај за извршувањето на ланскиот буџет. Извештајот ќе биде презентиран со завршната сметка на наредната седница на Советот.

– Овој извештај е стандардизиран по истек на кварталот и е веќе доставен до Министерството за финансии. Во него е дадена реализација на приходна и расходна страна. Одделно се дадени приходите реализирани за сите сегменти, а расходите се поделени на тековни и капитални, изјави раководителот на Секторот за финансии во Општината Ирена Илиевска.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе