Општина Куманово ги повика кумановци да поднесат пријава за данок на имот

Од:

Општина Куманово објави јавен повик за поднесување даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2018 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2018 година.

Од општината појаснија дека даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2018 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник правно и физичко лице за имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2017 година, а за кој нема поднесено даночна пријава нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување, имотот кој настанала промена во сопственоста оттуѓување, имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување, даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2017 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Даночна пријава се поднесува до Општината Куманово – Одделение за администрирање на приходи на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2018 година. Од општината појаснија дека даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2017 година а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава. Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа јавна покана, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе