Општина Кисела Вода утре ќе се приклучи на глобалната акција за чистење на отпад

Од:

Утре, сабота, со почеток во 10:00 часот, Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје и Град Скопје ќе спроведе акција за чистење на отпадот на својата територија.

За таа цел, вработените во општината ќе бидат активно вклучени во активностите за чистење на отпадоците кои од страна на несовесни граѓани се одложуваат насекаде. Покрај ова, локалната самоуправа ги повикува и граѓаните да се вклучат во овие активности, како заеднички би создале почиста и поздрава животна средина.

Активностите за собирање на отпадоците ќе се одвиваат на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул. Србија.

Воедно, утре со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците ќе бидат учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Имено, глобалната акција за чистење иницирана е од движењето „Let ’s Do it! World“ кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Општина Кисела Вода претходно ги информира граѓаните за Светскиот ден за чистење, со тоа што ги повика да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.

За утрешната национална акција за чистење на отпадот целосна поддршка дава Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода